Извидничко Поречанскиот Одред “Галеб” е воспитно, доброволно, неполитичко и самостојно здружение на граѓани за деца и млади отворено за сите, без оглед на нивната верска, национална или расна припадност.

Одредот е посветен на едукација на деца и млади преку спроведување на авантуристичка програма во природа и се води по основната програма, извидничките принципи и закони на националната организација  Сојуз на извидници на Македонија, која е дел од светската извидничка организација World Scout Organization of Scout Movement. Низ годините во одредот членувале повеќе илјади извидници, оваа година се регистрирани 100 члена.  ИПО „Галеб“ е најстариот поречански одред во земјата и постои од 1955г., освен карактеристичните извиднички активности во нашата работа се вклучени и повеќе активности на вода и пловење по река со чамци. 

ИПО Галеб е прв порачански одред во земјата и е познат по пловидби по реката Вардар уште од своето основање и како дел од Сојузот на извидници на Југославија.

Во минатото одредот подседуваше и свој камп на море во Црна Гора, Чањ, каде што многу генерации на извидници волонтираа (коначари) и имаа незаборавни лета.

Низ годините одредот имаше свое седиште на различни локации. Моментално одредот користи простории на општина Аеродром кои ни се дадени на користење. Добиените простории беа во лоша состојба и волонтерите обезбедија донации и со својата работа ја обновија добиена барака и ја приспособија за работа. Локација на седиштето е во општина Аеродром во бараката што била урбана заедница „Јане Сандански“ бул. АСНОМ 106 Б. 

Одредот организира во текот на годината повеќе традиционални активности меѓу кои:

  1. Водени лудории – Еднодневна акција за развигорци и извидници на базен
  2. Glamorous Galebwood Awards – Новогодишна забава за развигорци и извидници
  3. Априлијада – Еднодневна акција под маски низ Скопје за истажувачи и ровери за 1 Април
  4. Галебска Ајваријада – Тим билдинг активност за сите волонтери преку која се одржува традицијата на подготовка на ајвар

Исто така одредот организира хуамнитарни акции 2 до 3 пати годишно чија цел е да се помогне на оние кои што им е потребно, но воедно да ги научиме членовите да бидат хумани, да помагаат и да знаат како да организираат хуманитарни акции.

Извидништвото па така и нашиот одред е динамична организација која се прилагодува на општествените случувања во земјата и светот. Вредностите по кои се водиме секогаш ќе бидат исти, а активностите и методите ги следат потребите на младите.

ИПО Галеб хиерархија

Старешина на одредот односно претседател на организацијата – Јане Илијески  jane_ilijeski@yahoo.com 

Началник – Одговорно лице за спроведување на програмата, координација на водачите и останати оперативни активности на одредот.   – Ана Костовска ana@scout.org.mk

Старешнство - Орган во одредот што е составен од 7 луѓе. 5 старешини, началникот и старешината. Улогата на старешинството е да ги носи сите важни одлуки во одредот. Старешинството се избира на секои 2 години.

Елена Апостолова elenahapostolova@gmail.com

Јане Плавевски jane@scout.org.mk

Павел Пападимитров pavel_papadimitrov@yahoo.com

Срна Мајсторовиќ srna@scout.org.mk

Илина Трајчева ilinatrajceva@gmail.com

Нашите водачи

Водачите во одредот се искусни извидници кои претходно биле дел од патролите.

Секој водач има завршено соодветна обука за работа со деца и спроведување на извидничката програма. Водачите се млади луѓе, средношколци и студенти, кои пред се одговорни личности и се тука да се грижат за вашите деца за

време на состаноците, но и надвор од извидничките активности. Сите водачи се ВОЛОНТЕРИ кои се посветени на работата со деца но и постојано вложуваат во својот личен развој. Водачот не е наставник, тој е пред се постар другар кој се грижи за развојот на децата во патролата и е одговорен за нив за време на активностите.

Водачи на младински клуб:

– Ева Блажевска 070 296 964 

– Ина Михајлоска 070 381 039

Водачи на патроли:

– Миа Шутева 078 311 336

– Иван Илиев 071 907 954

– Ангела Богатинова 070 555 496

– Елма Мемиќ 070335882

– Марија Димовска 078 822 778

– Сара Гичевска 070 677 644

– Јана Перовска 075 407 373

Членство

Извидниците се групирани според возраста во мали групи од 8 до 15 членови, кои се викаат јата, патроли, клуб. Во нашиот одред може да членуваат деца од трето одделение па нагоре (8 години). Во секоја патрола членуваат извидници на иста возраст. На почетокот на годината водачите и раководството на одредот

ги распределуваат во соодветни групи, доколку има браќа и сестри со различна возраст истите ќе бидат поделени во одделни групи.

Што нудиме

Извидничко поречанскиот одред Галеб нуди едукативни активности за сите возрасти. 

Ние веруваме дека децата и младите најдобро учат преку работа, затоа преку возбудлива и авантуристичка програма го развиваме нивниот потенцијал – физички, интелектуално, социјално и духовно.

  • Членовите имаат извиднички активности – состаноци секоја сабота во
  • текот на една учебна година (со исклучок на викенди во кои водачот ќе биде
  • спречен од надворешни фактори да го одржи состанокот за што ќе бидете
  • навремено известени). Времетраењето се одредува во зависност од типот на
  • активност и може да биде од 2 до 8 часа.
  • • Еднаш месечно се одржувааат одредски состаноци, на кои се собира
  • целото членство на одредот од сите возрасти
  • Активностите најчесто се одвиваваат во природа 
  • • Повеќето извиднички одреди организираат извиднички акции од
  • натпреварувачки карактер (ориентација) на коишто може да учествуваат сите
  • извидници (зависно од возраста)
  • • Летен и зимски камп
  • • Свечено давање на завет

Почетната возраст за да станеш извидник и член на одредот е 8 години. 

Септември е месец во кој училиштата ги отвараат вратите за своите ученици и воедно идеално време да ја започнете вашата извидничка авантура!  

 

Доколку имате над 18 години одредот нуди можност да се вклучите во улога на волонтери и ќе:

  • бидете дел од организација со 100 члена

 може да придонесувате за развојот на младите

    • Да ја изразите својата креативност
    • Да ги зајакнете своите способности во одредени области: готвење, прва помош и заштита, кампување, планинарење и сл. 
    • Да се здобиете со меки вештини како лидерство, јавно говорење, комуникација со различни возрасти и сл. 
    • И многу да се забавувате во целиот процес на планирање и организација на активности.