Извидничко Поречанскиот Одред “Галеб” е воспитно, доброволно, неполитичко и самостојно здружение на граѓани за деца и млади отворено за сите, без оглед на нивната верска, национална или расна припадност.
Одредот е посветен на едукација на деца и млади преку спроведување на авантуристичка програма во природа и се води по основната програма, извидничките принципи и закони на националната организација Сојуз на извидници на Македонија, која е дел од светската извидничка организација World Scout Organization of Scout Movement. Низ годините во одредот членувале повеќе илјади извидници, оваа година се регистрирани 100 члена. ИПО „Галеб“ е најстариот поречански одред во земјата и постои од 1955г., освен карактеристичните извиднички активности во нашата работа се вклучени и повеќе активности на вода и пловење по река со чамци.
Во минатото одредот подседуваше и свој камп на море во Црна Гора, Чањ, каде што многу генерации на извидници волонтираа (коначари) и имаа незаборавни лета.
Низ годините одредот имаше свое седиште на различни локации. Моментално одредот користи простории на општина Аеродром кои ни се дадени на користење. Добиените простории беа во лоша состојба и волонтерите обезбедија донации и со својата работа ја обновија добиена барака и ја приспособија за работа. Локација на седиштето е во општина Аеродром во бараката што била урбана заедница „Јане Сандански“ бул. АСНОМ 106 Б.
Исто така одредот организира хуамнитарни акции 2 до 3 пати годишно чија цел е да се помогне на оние кои што им е потребно, но воедно да ги научиме членовите да бидат хумани, да помагаат и да знаат како да организираат хуманитарни акции.
Извидништвото па така и нашиот одред е динамична организација која се прилагодува на општествените случувања во земјата и светот. Вредностите по кои се водиме секогаш ќе бидат исти, а активностите и методите ги следат потребите на младите.
Старешина на одредот односно претседател на организацијата – Јане Илијески jane_ilijeski@yahoo.com
Началник – Одговорно лице за спроведување на програмата, координација на водачите и останати оперативни активности на одредот. – Ана Костовска ana@scout.org.mk
Елена Апостолова elenahapostolova@gmail.com
Јане Плавевски jane@scout.org.mk
Павел Пападимитров pavel_papadimitrov@yahoo.com
Срна Мајсторовиќ srna@scout.org.mk
Илина Трајчева ilinatrajceva@gmail.com
Нашите водачи
Водачите во одредот се искусни извидници кои претходно биле дел од патролите.
Секој водач има завршено соодветна обука за работа со деца и спроведување на извидничката програма. Водачите се млади луѓе, средношколци и студенти, кои пред се одговорни личности и се тука да се грижат за вашите деца за
време на состаноците, но и надвор од извидничките активности. Сите водачи се ВОЛОНТЕРИ кои се посветени на работата со деца но и постојано вложуваат во својот личен развој. Водачот не е наставник, тој е пред се постар другар кој се грижи за развојот на децата во патролата и е одговорен за нив за време на активностите.
Водачи на младински клуб:
– Ева Блажевска 070 296 964
– Ина Михајлоска 070 381 039
Водачи на патроли:
– Миа Шутева 078 311 336
– Иван Илиев 071 907 954
– Ангела Богатинова 070 555 496
– Елма Мемиќ 070335882
– Марија Димовска 078 822 778
– Сара Гичевска 070 677 644
– Јана Перовска 075 407 373
Членство
Извидниците се групирани според возраста во мали групи од 8 до 15 членови, кои се викаат јата, патроли, клуб. Во нашиот одред може да членуваат деца од трето одделение па нагоре (8 години). Во секоја патрола членуваат извидници на иста возраст. На почетокот на годината водачите и раководството на одредот
ги распределуваат во соодветни групи, доколку има браќа и сестри со различна возраст истите ќе бидат поделени во одделни групи.
Извидничко поречанскиот одред Галеб нуди едукативни активности за сите возрасти.
Ние веруваме дека децата и младите најдобро учат преку работа, затоа преку возбудлива и авантуристичка програма го развиваме нивниот потенцијал – физички, интелектуално, социјално и духовно.
Почетната возраст за да станеш извидник и член на одредот е 8 години.
Септември е месец во кој училиштата ги отвараат вратите за своите ученици и воедно идеално време да ја започнете вашата извидничка авантура!
Доколку имате над 18 години одредот нуди можност да се вклучите во улога на волонтери и ќе:
може да придонесувате за развојот на младите